klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

ЛШ: Шест гола на Ливерпул против ЛАСК

ЛШ: Шест гола на Ливерпул против ЛАСК
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·14. 10. 2026. 20:01:14

Ливерпул доминираше во Линц, но Андони Ираола веројатно ќе биде незадоволен поради примените голови во момент кога натпреварот беше практично решен. Шесткратниот европски шампион го совлада ЛАСК со 6:3 во второто коло од Лигата на шампионите, а натпреварот во Австрија го одбележа Бредли Баркола, кој за првпат ја затресе мрежата во дресот на „Црвените“. Во првото полувреме, тимот на Ираола упати дури 19 удари кон голот на ривалот, а три од нив завршија зад грбот на Лукас Јунгвирт – стрелци беа Роналд Араухо и двапати Баркола. На почетокот на второто полувреме, Џереми Фримпонг го зголеми водството, а Роберт Љубичиќ покажа дека ЛАСК нема намера целосно да потоне. Сепак, на семафорот набрзо стоеше убедливиот резултат 6:1 за клубот од градот на „Битлси“ – Баркола искористи еден од одличните продори на Рио Енгумоа и асистенцијата на Фримпонг, а Луис Кумас го постигна својот прв гол во елитното натпреварување. Следуваше реакција од Флоријан Флекер, кој во 74. и 77. минута двапати ја затресе мрежата на Ливерпул – и тоа во моментите кога Ираола ги внесе во игра Вирџил ван Дајк и Џо Гомез.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti