klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Винисиус Жуниор жестоко казнет од Ла Лига за влечењето за коса

Винисиус Жуниор жестоко казнет од Ла Лига за влечењето за коса
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·14. 10. 2026. 20:05:18

Реал Мадрид се соочува со сериозен удар пред големото дерби со Барселона, откако Винисиус Жуниор доби суспензија од четири натпревари поради инцидентот на дуелот со Вилјареал. Бразилскиот напаѓач беше исклучен поради влечење за коса на противнички фудбалер, а дисциплинската казна е построга од очекувањата во шпанските медиуми. Првичните прогнози беа дека Винисиус ќе паузира два или три натпревари, но конечната одлука предвидува четири меча надвор од теренот. Поради суспензијата, ѕвездата на „кралевите“ сигурно ќе го пропушти „Ел Класико“ против Барселона. Покрај големото дерби, нема да настапи ниту на средбите со Севиља, Расинг и Валенсија.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti