Продолжуваат протестите на студентите во Албанија

Протестот во Тирана попладнево продолжува пред канцеларијата на премиерот Еди Рама. Демонстратите, студенти, нивни професори и граѓани најнапред утрово се обидоа да дојдат до Парламентот, но полицијата имаше поставено силни блокади поддржани со воден топ во позадина што го оневозможи тоа, јави известувачот на МИА од Тирана. Во еден момент блокадата беше тргната, но сепак демонстрантите не дојдоа до Парламентот. Откако ситуацијата се смири, а Парламентот ја прекина седницата по тепачката меѓу пратениците на власта и опозицијата, маршот продолжи кон канцеларијата на Рама. Протестот во претпладневните часови се одвиваше мирно и без инциденти, во споредба со првите седум дена. Бројот на учесници на протестите денеска и вчера е помалуброен, но дел од нив велат дека по 14 часот им се приклучуваат повеќе истомисленици. И претпладнево беа повторени барањата за оставка од Рама, но и на опозицискиот лидер Сали Бериша, а Парламентот беше нарекуван криминален. Некои од граѓаните со кои разговараше екипата на МИА велат дека ова не е само политички протест или само студентски туку и поради високите цени за живот, малите плати, неможноста да си дозволат соодветна здравствена услуга и друго. Освен во центарот на градот и околината на Парламентот, во останатите делови на Тирана животот тече вообичаено. Дуќанџиите…
Povezane vijesti

Шести ден протести во Албанија: Улично насилство, судири со полицијата – Рама не помислува на оставка (ВИДЕО)

ВИДЕО: Осми ден од протестите во Тирана, полицијата со солзавец и водени топови се справува со демонстрантите
