Поради високите температури да се наводнуваат површините, културите да се заштитат од плевели, болести и штетници

Земјоделците да ги наводнуваат површините, особено пролетните окопни и индустриските култури, но да вршат и плитка обработка (окупување) на почвата за да се зачува влагата и да се спречи формирањето кора, препорачуваат агрометеоролозите. Како што велат, во актуелните, летни временски услови со високи температури, треба да се преземат мерки и за уништување на плевелите, како и за заштита на растенијата од појава и развој на болести и штетници. -Ова е период кога потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува наводнување на културите, особено на пролетните окопни и индустриски култури. Земјоделските производители може да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви и изведување работи во поле. Поради високите температури наводнувањето да биде задолжително. Треба да се обрне внимание и на подготовката на механизацијата за претстојната жетва на житните култури. Посевите редовно да се следат, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР. Минатата недела, потсетуваат, времето беше претежно сончево и топло со мала локална облачност и повремени поројни врнежи од дожд. -Овие временски услови беа поволни за зреење на некои видови овошје како црешата, вишната и некои типови зеленчук, како и за интензивниот раст и развој на пченката, сончогледот, и другите пролетни култури. Виновата лоза е во…
Povezane vijesti

Трамп доаѓа на финалето, Њујорк под опсада: Илјадници полицајци, затворени патишта и „ефектот на малерот“ во центарот на вниманието

Приказната зад виралната фотографија на Меси и Јамал пред финалето на Мундијалот
