klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Пленарна сесија на Европскиот економски и социјален комитет

Пленарна сесија на Европскиот економски и социјален комитет
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·21. 10. 2026. 06:25:36

Денеска во Брисел почнува дводневната пленарна сесија на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) а централно место на дневниот ред се технолошкиот суверенитет на Европската Унија, борбата против сиромаштијата и пристапот до домување. Седниците ќе се одржат во зградата „Пол-Анри Спак“ на Европскиот парламент во Брисел. Денешната главна дебата ќе биде посветена на европскиот технолошки суверенитет и местото на човекот во дигиталната трансформација. На неа се очекува да учествуваат извршната потпретседателка на Европската комисија за прашања од областа на технолошкиот суверенитет, безбедноста и демократијата, Хена Виркунен, и генералната директорка на европската технолошка асоцијација „ДиџиталЈуроп“ Сесилија Бонефелд-Дал. Дискусијата е поврзана со претстојното усвојување мислења за вториот европски законски акт за интегрирани кола и за намалување на зависноста на ЕУ од странските даватели на облак услуги, вештачка интелигенција и дигитални платформи. Меѓу предлозите се инвестиции во европската дигитална инфраструктура, промоција на решенија со отворен код и подобра заштита на податоците и правата на работниците. Утре ќе се одржи дебата на високо ниво на тема „Искоренување на сиромаштијата до 2050 година: исполнување на нашата колективна одговорност“. Во програмата се вклучени обраќања на претседателот на ЕЕСК, Шејмус Боланд, извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti