klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Димовска од Рим: Довербата во законодавниот дом се заслужува со доследна примена на етичките стандарди

Димовска од Рим: Довербата во законодавниот дом се заслужува со доследна примена на етичките стандарди
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·16. 10. 2026. 10:16:32

Транспарентноста, интегритетот и етичкото однесување се клучни предуслови за зајакнување на довербата на граѓаните во законодавниот дом, порача генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, на Состанокот на генералните секретари на парламентите, што се одржа во рамките на Конференцијата на претседатели на парламенти и генерални секретари на земјите членки на Советот на Европа во Рим. На состанокот, посветен на прашањата за транспарентност, интегритет и етика во парламентарното работење, Димовска истакна дека Собранието презема конкретни чекори за унапредување на овие принципи, посочувајќи го донесувањето на новиот Етички кодекс за пратениците, како и подобрувањето на пристапот до информации и дигиталните услуги. Сепак, според неа, најважна останува доследната секојдневна примена на етичките стандарди. - Довербата на граѓаните се гради секојдневно, преку одговорно, транспарентно и отчетно работење. Довербата не е нешто што од граѓаните едноставно се бара, туку вредност што се заслужува секој ден - нагласи Димовска во своето обраќање. Таа оцени дека силните демократски институции, владеењето на правото и ефективниот парламентарен надзор се од суштинско значење и за напредокот на државата кон членството во Европската Унија. Димовска се осврна и на значењето на меѓупарламентарната соработка и улогата на Европскиот центар за парламентарно истражување и документација (ЕЦПРД) во јакнењето на парламентарните капацитети и споделувањето добри…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti