klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во Рим, во фокусот борбата против хибридните закани

Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во Рим, во фокусот борбата против хибридните закани
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·15. 10. 2026. 16:14:04

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка Марина Димовска учествуваат на Европската конференција на претседатели на парламенти и генерални секретари која денеска и утре се одржува во Рим, Италија. На отворањето на конференцијата, како што инфромираат од Кабинетот на Гаши, обраќања пред претседателите на парламентите на земјите членки на Советот на Европа имале претседателот на Домот на пратеници и претседателот на Сенатот на Италијанската Република, Лоренцо Фонтана и Игнацио ла Руса, кои ја нагласиле улогата и значењето на Организацијата како чувар на демократијата, човековите права и владеењето на правото на европскиот континент. Во рамки на дебатата „Отпорни демократии обединети против хибридни закани“, учесниците оцениле дека денешната геополитичка нестабилност и технолошкиот напредок ги прават хибридните закани пософистицирани, искористувајќи ги демократските општества за зголемување на поларизацијата, ширењето на поделби и поткопување на довербата во институциите. Било наглaсено дека за успешна заштита, потребна е комбинација од кибербезбедност, транспарентност и општествена отпорност, како и дека искуствата покажуваат дека најефективните пристапи комбинираат правни заштитни механизми, техничка заштита и мерки за зајакнување на довербата на јавноста. Во текот на конференцијата, Гаши, како што информираат од неговиот Кабинет, остварил билатерална средба со претседателот на Големото турско национално собрание Нуман Куртулмуш, на која биле потврдени одличните односи…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti