klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Отворена за сообраќај уште една делница од патот Елбасан-Ќафасан

Отворена за сообраќај уште една делница од патот Елбасан-Ќафасан
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 08. 2026. 20:58:41

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е пуштена за сообраќај уште една делница од автопатот Елбасан- Граничен премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, кај Струга и дека работите продолжуваат со брзо темпо. Станува збор за делницата помеѓу селата Лабинот-Фуш до крајот на селото Мирак, и е втора делница која може да се користи, по онаа којашто беше пуштена за сообраќај во јуни пред две години. [facebook_post url="https://www.facebook.com/reel/1695284438441565"] - Отворањето на овој сегмент го подобрува сообраќајот, ја зголемува безбедноста на патиштата, го скратува времето на патување и го олеснува транспортот на граѓани и стоки - напиша Рама во објава на социјалните мрежи, АТА. Патниот сегмент Ќафасан – Елбасан, кој е дел од коридорот VIII, е од категоријата Б, во должина од 50,12 километри, се гради според стандарди за современ автопат, со две коловозни ленти во секоја насока, централен разделен појас, мостови, тунели и заштитни објекти покрај реката Шкумбин. По завршувањето на проектот ќе може да се вози со брзина до 110 километри на час, а патувањето меѓу Елбасан и Ќафасан треба да се скрати на околу 30 минути, наспроти над час и половина, колку што претходно беше потребно. Коридор 8 се протега од пристаништето Бари во Италија до пристаништата Варна…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti