Нуњез: Француските безбедносни сили изгубија контрола врз неколку градови за време на протестите (ВИДЕО)

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез призна дека во саботата силите на редот изгубиле контрола врз „одделни големи градови“, каде што имаше протести против високите трошоци за живот кои прераснаа во насилство и грабежи. Нуњез, чија оставка не беше прифатена од претседателот Емануел Макрон, за радио „Франс ентер“ изјави дека во саботата имало „недостиг од претходна подготовка“ при распоредувањето на силите на редот. Според него, „нивниот број бил недоволен во однос на масовно собраните вандали и ограбувачи на маргините на протестите“. Вчера и во текот на изминатата ноќ во Париз биле извршени 350 апсења, соопштија министерот за внатрешни работи и заменик-градоначалникот на главниот град Емануел Грегоар. Според податоците на градските власти, биле ограбени околу 30 продавници. На национално ниво за време на викендот имало вкупно „2.331 полициски приведувања“, а десетици лица биле ставени во притвор како последица на немирите, соопшти денеска министерот за правда Жералд Дарманан.
Povezane vijesti

Макрон ја одби оставката на министерот за внатрешни работи

ВИДЕО: Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
