klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош

Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·20. 10. 2026. 11:20:44

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со градоначалникот на oпштина Карпош, Сотир Лукровски, на која разговараа за реализацијата на капиталните проекти што се спроведуваат преку Владата, а во соработка со Општината. "Преку двата повици што веќе се активни, поддршката за Општина Карпош од страна на Владата е околу 11 милиони евра, од кои директно преку Министерството за транспорт се реализираат околу 5,5 милиони евра. Нема дел од општината каде што не работиме, каде што не решаваме инфраструктурни проблеми и продолжуваме да го правиме тоа во следниот период" истакна Николоски. Вицепремиерот најави нова соработка и поддршка за општина Карпош "Се договоривме за еден нов инвестициски циклус каде што ќе помогнеме во реализација на плоштади, во реализација на улици, атмосферска канализација, фекална канализација и уредување на просторот таму каде што е најпотребно во општината. Исто така, како што кажа градоначалникот, зборувавме за решение на свлечиштата особено во делот кој што гравитира кон населбите Козле, понатаму Трнодол, Жданец, да се санира целиот тој простор " изјави Николоски. На состанокот се разговараше и за паркинг местата како еден од предизвиците на општината "Во следниот период еден од главните предизвици е решавање на проблемот со паркирањето, особено во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti