Народната банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка постојано работи на унапредување на квалитетот, опфатот и навременоста на податоците, постигнувајќи висока усогласеност со меѓународните стандарди, беше истакнато на средбата на гувернерот д-р Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставниците на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Годишните средби на ММФ и Светската банка што се одржаа во Бангкок. На средбата се разговараше за соработката со ММФ во повеќе области којашто придонесува за високо ниво на зајакнати статистички и аналитички капацитети на Народната банка. Во рамки на разговорите, посебен акцент беше ставен на резултатите од големата ревизија на статистиката на платниот биланс и финансиските сметки, спроведена во текот на 2026 година. Ревизијата придонесе да се унапредат методолошката основа, како и споредливоста и аналитичката вредност на податоците. Беше нагласено дека Народната банка остварува целосна усогласеност со барањата на највисокиот статистички стандард, стандардот СДДС плус, во однос на опфатот и навременоста на податоците. Воедно, беше посветено внимание на активностите за дигитализација на статистичкото известување, особено на развојот на статистичкиот склад на податоци за надворешната статистика, кој се спроведе со финансиска поддршка од Европската Унија. Како дополнителна потврда за постојаните напори за унапредување на квалитетот на статистичките податоци и услуги, беа споделени и…
Povezane vijesti

Средба на Славески со заменик-генералниот директор на ММФ: Независноста и транспарентноста на централната банка се клучни за одржување на стабилноста во услови на неизвесност

Димитриеска-Кочоска на Годишните средби на ММФ и СБ: Во услови на глобална неизвесност фискалната дисциплина и структурните реформи се клучни за одржлив раст
