МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во најновото истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ – „Процена на доброто владеење на извршната власт во Македонија и регионот преку Индекс на отвореност 2026“, спроведено според мерењето за 2025 година. Според објавените резултати, МВР има 75,90% исполнетост на индикаторите за отвореност, што претставува зголемување во однос на претходното мерење, кога резултатот изнесувал 73,3%. Особено се издвојуваат резултатите во неколку важни области: 100% исполнетост на индикаторите за интегритет – област што ги опфаќа механизмите за етичко однесување, спречување судир на интереси и институционална одговорност. 100% исполнетост на четирите разгледувани индикатори за ефикасност – поврзани со стратегиското планирање, известувањето и следењето на институционалното работење. 75,90% вкупна отвореност – резултат со кој МВР е на второто место меѓу министерствата опфатени со истражувањето. Дополнително, во областа на транспарентноста МВР има 72,46% исполнетост на индикаторите, што го вбројува меѓу министерствата со повисоки резултати во оваа категорија. Овие податоци се важен показател за примената на стандардите за отвореност, отчетност и добро управување, но и поттик за натамошно подобрување на достапноста на информациите и комуникацијата со граѓаните. Овие резултати се потврда за посветеноста на раководството на Министерството за внатрешни работи кон градење поотворена, поотчетна и потранспарентна институција. Борбата против криминалот и корупцијата…
Povezane vijesti
Индекс на отвореност 2026: МВР ПОСТИГНА МАКСИМАЛНИ 100% ЗА ИНТЕГРИТЕТ И ЕФИКАСНОСТ

Минчев од Кавадарци: Граѓаните не живеат од ветувања, туку од резултати што ги чувствуваат
