klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Минчев од Кавадарци: Граѓаните не живеат од ветувања, туку од резултати што ги чувствуваат

Минчев од Кавадарци: Граѓаните не живеат од ветувања, туку од резултати што ги чувствуваат
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·17. 10. 2026. 15:34:38

Под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска во Кавадарци продолжи со отчетот пред граѓаните за сработеното во изминатите две години, се вели во соопштението од ЗНАМ. Генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање испрати јасна порака дека довербата од граѓаните се оправдува со работа, храбри одлуки и конкретни резултати, а не со празни ветувања. Тој се осврна на реформите во јавната администрација, капиталните инвестиции и обврската институциите да испорачуваат резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневниот живот. -Со законскиот пакет за административните службеници и вработените во јавниот сектор, како и со Законот за високи раководители, поставуваме основа за професионална администрација, систем на заслуги и јасна одговорност на раководните позиции. Целта е знаењето, стручноста и резултатите да бидат критериум за напредување, а не привилегиите и партиските влијанија. Со подготовката на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници инвестираме во луѓето и во нивната способност да обезбедат поквалитетни услуги за граѓаните- истакна Минчев. Во своето обраќање, Минчев се осврна и на капиталните инвестиции и поддршката за локалниот развој. Повеќе од 1.200 локални проекти се поддржани и се завршени или се во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti