Минчев: Помалку процедури, повеќе резултати – администрација во служба на граѓаните

Помалку чекање, без непотребно собирање документи и без препраќање од шалтер на шалтер. Тоа е јавната администрација што им е потребна на граѓаните и кон која мора да се движи секоја институционална реформа. Токму затоа, квалитетот на јавните услуги мора да се мери преку она со што граѓаните секојдневно се соочуваат, а не само преку бројот на реализирани активности и донесени одлуки. Ова го истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање на отворањето на тридневната TAIEX работилница „Зајакнување и унапредување на системот за управување со квалитет во јавниот сектор во Македонија“. На отворањето се обрати и амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер, во знак на досегашната соработка и споделувањето на своите искуства дава значаен придонес во унапредувањето на управувањето со квалитет во јавниот сектор. Во своето обраќање, министерот Минчев нагласи дека управувањето со квалитет не смее да остане само формална обврска или примена на одреден модел, туку треба да прерасне во начин на работа на секоја институција, заснован на одговорност, мерење на резултатите и постојано подобрување. -За нас, квалитетот е дел од пошироката реформа на јавната администрација. Нашата цел е да изградиме институции кои се поефикасни и поодговорни, но и институции кои имаат капацитет да учат од…


