klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Министерката Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески

Министерката Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·20. 10. 2026. 12:55:40

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на Стратегијата за рударство, подготовката на новата Стратегија за енергетика и унапредувањето на законската регулатива во областите во надлежност на Министерството. Во фокусот на разговорите беше Стратегијата за рударство и нејзината имплементација, за која претседателот Азески ја потврди поддршката на Стопанската комора и бизнис-заедницата. Беше истакната важноста од соработка меѓу институциите и стопанството за спроведување на стратешките определби и создавање услови за одржлив развој на рударскиот сектор. Посебно внимание беше посветено и на подготовката на новата Стратегија за енергетика на државно ниво. Стопанската комора изрази подготвеност да учествува во овој процес, заедно со меѓународните партнерски организации. Притоа, беше нагласена потребата стратешките насоки во енергетиката да одговорат на новите трендови, технолошките промени и актуелните потреби на стопанството, со цел воспоставување функционален систем што ќе го поддржи економскиот раст и развој на државата. На средбата се разговараше и за можностите за развој на автомобилската индустрија, со посебен акцент на намалувањето на емисиите на штетни издувни гасови и унапредувањето на квалитетот на воздухот. Министерката Божиновска посочи дека просечната старост на возилата во државата е околу…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti