klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата

Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 10. 2026. 07:54:02

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) коишто се во посета на земјава. Како што информира Кабинетот на Божиновска, во фокусот на разговорите беше искористувањето на потенцијалот на обновливите извори на енергија (ОИЕ) во земјава, како и можностите за складирање на енергијата од обновливите извори. Се дискутираше за зајакнувањето на мрежната инфраструктура поради интегрирање на нови капацитети од ОИЕ, што воедно е приоритет и во координација со МЕПСО. Беше нагласено значењето на диверзификацијата на производството од ОИЕ кое е високо на агендата на ЕУ. Министерката Божиновска истакна дека постои огромен интерес кај граѓаните и компаниите за користење на енергијата од обновливите извори и дека Министерството ќе работи на овој план во иднина. Беше разговарано и за донесувањето на Законот за Јавно приватно партнерство, при што беше нагласено значењето на новите инвестиции во енергетиката, меѓу кои и приватните инвестиции. Меѓу темите за кои се дискутираше, беа разменети мислења и за критичните минерални суровини, како и за Паметните мерни системи (smart метри), коишто треба да бидат заменети во наредните осум години и подзаконските акти согласно Законот за користење на енергијата од обновливи…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti