klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Минчев: ЗОРОДУ е чекор кон појасна и пофункционална државна управа

Минчев: ЗОРОДУ е чекор кон појасна и пофункционална државна управа
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·21. 10. 2026. 11:42:50

Министерството за јавна администрација денеска одржа јавна дискусија за Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), со кој се поставува нова рамка за организацијата, надлежностите и одговорноста на органите на државната управа. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, порача дека државата мора да излезе од моделот во кој институционалната структура е под влијание на дневнополитички договори, создавајќи преклопени надлежности, непотребни административни бариери и нејасна одговорност за резултатите. „Повеќе од две децении, државната управа се соочуваше со последиците од фрагментирање на институциите и создавање структури без доволно јасно оправдување за нивното постоење. Кога надлежностите се преклопуваат, одговорноста се разлева, а цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните и стопанството. Тоа мора да се промени. Институциите не смеат да бидат инструмент за задоволување партиски или бирократски интереси“ - истакна Минчев. Во рамки на своето излагање, тој истакна дека со предложеното законско решение се отвора важен процес на уредување на институционалната поставеност на државата, со јасно разграничени функции и правила што ќе овозможат поефикасно спроведување на јавните политики. „Организацијата на државата мора да произлегува од потребите на граѓаните, функционалноста на институциите и јавниот интерес. Со ЗОРОДУ воспоставуваме основа за систем во кој надлежностите се јасно определени, а институционалната поставеност…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti