klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Минчев упати честитка по повод 250 години од независноста на САД

Минчев упати честитка по повод 250 години од независноста на САД
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 07. 2026. 07:21:26

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод одбележувањето на 250 години од Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, упати честитка до американскиот народ и до Владата на САД, истакнувајќи го значењето на овој историски јубилеј и важноста на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Во својата честитка, министерот Минчев посочи дека Денот на независноста претставува значаен историски и цивилизациски белег на модерната државност и институционалниот развој на нација која изгради уставен поредок заснован врз слободата, демократијата и владеењето на правото. Тој нагласи дека Соединетите Американски Држави во изминатите два и пол века се етаблираа како глобален промотор на демократските вредности, институционалната стабилност и политичката предвидливост, со значајно влијание врз развојот на меѓународниот поредок и современите демократски стандарди. Минчев истакна дека Република Македонија високо го цени стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, кое претставува значаен фактор за стабилноста, безбедноста и унапредувањето на заедничките демократски вредности. Во честитката, министерот се осврна и на реформите во јавната администрација, оценувајќи дека тие се суштински предуслов за современо и ефикасно управување. Притоа, ја нагласи важноста на соработката со САД во јакнењето на административните капацитети, дигиталната трансформација и унапредувањето на доброто управување, како клучни елементи за изградба на транспарентни, ефикасни и граѓански ориентирани институции. На…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti