Димитриевски од Штип: Македонија заслужува европски стандарди и достоинствена иднина

Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Штип, град кој со својата традиција и развоен потенцијал претставува еден од најважните двигатели на источниот регион и силен пример дека успехот секогаш започнува со трудот на луѓето. Во своето обраќање, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека европската иднина на Македонија нема да ја донесат празни ветувања, туку силни институции, одговорни политичари и држава што еднакво се грижи за секој свој граѓанин. -Европа не е само политичка цел, туку начин на кој треба да ја организираме државата. Тоа значи институции што функционираат, правда што важи за сите, администрација што им служи на граѓаните и економија што создава можности. Македонија нема потреба да биде копија на никого. Треба да биде успешна држава што самоуверено ќе ги брани своите национални интереси и достоинствено ќе чекори кон Европа, порача Димитриевски. Тој нагласи дека довербата не се добива со политички слогани, туку со резултати што секој граѓанин може да ги почувствува во своето секојдневие. -Политиката мора повторно да стане служба на граѓаните. Луѓето не очекуваат големи зборови, туку сигурност, подобри услуги, праведни институции и можност со својот труд да обезбедат достоинствен живот. Токму затоа ЗНАМ го избра потешкиот пат, односно патот на одговорноста…
Povezane vijesti

ЗНАМ на терен во Битола: Силна држава, сигурни граѓани, европска иднина

Димитриевски: ЗНАМ влезе во Владата за Македонците да не се чувствуваат како граѓани од втор ред
