Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена, наведува премиерот Христијан Мицкоски во објавата на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила. - Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина. На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили - пишува Мицкоски. [facebook_post url="https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/pfbid02LzXyaBuDF3kzZSLg87jWSPeAWFMKYKj5hKSrny1YzcxzvMLr1wQ8tKykQhX9wXxul"]
Povezane vijesti

Ѓорѓиевски: Над 200 камери ќе бидат поставени на критични точки низ Скопје за спречување на вандализмот

ПОВЕЌЕ ОД 50.000 СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ МОЖЕБИ ЌЕ И ТРЕБААТ НА МАКЕДОНИЈА, вели Мицкоски
