Мицкоски: СЈО беше неуставен имплант, не може со неправда да донесат правда

Претседателот на владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 вели дека формирањето на Специјалното јавно обвинителство претставувало сериозен удар врз правдата, посочувајќи дека уште од самиот почеток било поставено на неуставни основи. Наместо да испорача правда, како што рече тој, правеле естрада. -Чувството кај граѓаните потекнува од, условно кажано, би рекол, работи кои се случија во минатото и коишто мислам дека зададоа силен удар врз правдата во Македонија. Првиот е оној период 94–98 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше вонпарламентарна опозиција и кога судиите се избираа во Собранието. Кога практично тогашната власт, којашто беше со акламативна моќ, избра стотици судии од коишто дел се сè уште активни судии. И тоа беше политички обоена структура. Вториот удар на правдата е кога се донесе оној имплант СЈО. Тотално неуставен имплант кога од тие коишто требаше да ја донесат правдата, ништо повеќе од естрада не видовме. Тогаш се правеа беџови, маици се штампаа, капи се носеа, дуксери СЈО. Не можете со неправда да донесете правда. Од самиот старт тој имплант е неправен, неуставен. Не може да делувате на тој начин. И за тој имплант се виновни сите партии, бидејќи консензуално беше донесено. Сега не сакам да го оградам ВМРО-ДПМНЕ. Јас…
Povezane vijesti

Мицкоски: Целта на случајот со Ива Михајлова е политичка, да и се нанесе штета на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до Апасиев: Туѓите бизниси ти сметаат, а скапите хотели и шопингот во Солун – не!
