Мицкоски: Имаме историска одговорност да покажеме дека може да ја кренеме државата повисоко од кога било досега

Иднината на нашата држава не зависи од тоа колку гласно ќе зборуваме за економскиот развој, туку од тоа колку ќе произведеме, колку ќе извеземе, колку нови работни места ќе создадеме и колку силни компании ќе изградиме, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски пред бизнисмените собрани на манифестацијата „Business Leader 2026“ што се одржа во Македонската филхармонија. - Македонија има огромен потенцијал, но со децении премногу често зборувавме за тој потенцијал, а премалку правевме за да го претвориме во економска реалност, додека други држави инвестираа во инфраструктура, технологија, индустрија и образование, ние губевме драгоцено време во политички кризи, институционална неизвесност и економски политики без долгорочен континуитет. Нашата генерација нема право да го продолжи тој циклус, затоа што светот се менува побрзо од кога било, глобалната конкуренција станува посилна, капиталот станува повнимателен, а технологијата отвора можности кои ќе ги искористат само оние држави што навреме ќе се приспособат на овие нови современи предизвици - рече Мицкоски. Додаде дека од првиот ден од формирањето на Владата е поставена јасна економска цел да се изгради стабилна, продуктивна и конкурентна економија, во која државата ќе биде партнер на претприемачите, а не пречка за нивниот развој. - И денес, кога зборуваме за економијата, веќе не зборуваме само…
Povezane vijesti

ВРВОТ НЕ СЕ ПОДАРУВА, ДО НЕГО СЕ СТИГНУВА, нашата генерација има историска одговорност да ја искачи државата повисоко

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш не вели никогаш
