Мицкоски до Апасиев: Туѓите бизниси ти сметаат, а скапите хотели и шопингот во Солун – не!

„Почитуван Апасиев, навистина не ве бивало за бизнис. Сега сфатив зошто имате толку голема фрустрација од овој трет ешалон, каде што вие не можевте ни на десеттиот да дојдете во таа политичка партија, па моравте неколку да смените во меѓувреме. Прашање кога и од таму ќе ве исклоцаат. Но, тоа е друга тема за која што може во некоја друга прилика ќе зборуваме малку повеќе“, му порача претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на пратеникот Димитар Апасиев на денешната собраниска седница. Мицкоски упати остри критики кон Апасиев, обвинувајќи го дека преку собраниската говорница изнесува лаги и клевети без да сноси одговорност за кажаното. Го повика јавно, пред медиумите, да ги повтори тврдењата што ги изнел во Собранието, со порака дека е подготвен правдата за нив да се бара на суд. „Овде сум јас инфериорен, бидејќи после мене вие ќе излезите и ќе фрлите уште нов грст лаги и клевети. И нормално како секоја кукавица ќе ја искористите или злоупотребите собраниската говорница без притоа да немате некаква кривична одговорност ниту за клевета, ниту пак за нешто друго. Јас ве поканувам како голем маж, храбар маж, што не сте, а не обична кукавица да излезете ова што денеска го кажавте и надвор пред…
Povezane vijesti

Мицкоски до Апасиев: Туѓите бизниси ти сметаат, а скапите хотели и шопингот во Солун не

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица
