klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор Акташ: Акцент на унапредување на билатералната соработка

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор Акташ: Акцент на унапредување на билатералната соработка
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·15. 10. 2026. 17:08:32

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција во Македонија, Алпер Акташ, на која, како што објави, разговарале за унапредување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството. Како што информираше Мицкоски, на средбата било разговарано за продлабочување на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, како и за унапредување на билатералната соработка во повеќе области од заеднички интерес. - Македонија и Турција имаат долготрајно пријателство, кое продолжуваме да го развиваме преку меѓусебна почит, доверба и соработка, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti