Мисајловски: Со интензивната и плодна одбранбена соработка со Турција до посилна Армија и поцврста безбедност

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска оставри средба и им посака добредојде на новиот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, и на новото одбранбено аташе, полковникот Кемал Башол. -Со Република Турција имаме интензивна и плодна одбранбена соработка чиј резултат е посилна Армија и поцврста безбедност. Благодарност до нашите турски сојузници за поддршката во развојот на воените капацитети на македонската Армија, особено преку Договорот за воено-финансиска соработка. Одбранбената соработка помеѓу Македонија и Турција е пример за тоа како треба да соработуваат две пријателски и сојузнички земји, вели Мисајловски. Министерот посочува дека изминатите децении взаемната поддршка и соработка придонесе кон развојот на двете вооружени сили и кои денес активно придонесуваат и се гарант за зачувување на безбедноста и стабилноста во поширокиот регион. [facebook_post url="https://www.facebook.com/misajlovskivlado/posts/pfbid02Rkex9zXECbwWHLJXidQvUtgSxoMrnidBsNA686DGfMeue8Vaf1zRmK9chwnqweZyl"]


