Мицевски на отворањето на KORIO OPEN 2026: Спортот гради карактер, младите ја градат иднината

Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, присуствуваше на отворањето на седмиот меѓународен таеквондо турнир KORIO OPEN 2026, настан кој собра над 300 натпреварувачи од земјата и регионот. Мицевски истакна дека спортот има значајна улога во градењето на карактерот кај младите, поттикнувајќи ги дисциплината, истрајноста и меѓусебната почит. [facebook_post url="https://www.facebook.com/jane.micevski.2025/posts/pfbid0Z6go7zqiQ9u81Y7PMLbHFYFg8HPvou21L9uwHg4vyDqYwKfYk4LzhSYPperc8Tg8l"] Тој упати благодарност до Јане Стојчевски за поканата и посветеноста во организацијата на турнирот, посакувајќи им на сите учесници успешни настапи, спортски успеси и нови пријателства. „Вистинската победа е во дисциплината, истрајноста и меѓусебната почит“, порача Мицевски, нагласувајќи дека поддршката на спортот претставува вложување во младите и во иднината. KORIO OPEN 2026 уште еднаш ја истакнува важноста на спортските настани за промоција на здравите навики, спортскиот дух и поврзувањето на младите од земјата и регионот.
Povezane vijesti

Јовановски: Кичево оди напред со конкретни проекти – реконструкција на улици и локални патишта, нови детски паркови и спортски терени во комплексот „Горица“

Меџити: Старата скопска чаршија останува наш приоритет, зачувувањето на традицијата и нејзиниот развој бараат заедничка посветеност
