Нема да дозволиме Филипче да го исклучи светлото во СДСМ, вели ексфункционерот на партијата Игор Ивановски

„Венко Филипче е одличен хирург, да не кажам најдобриот, тоа не е мое да го судам нели, и тоа мислење го имам сè уште, тој секогаш сака да помогне, но јас и во изминатиот период и сега јавно, и тоа ќе биде прв и последен пат да говорам за него како претседател на СДСМ, тој во таа улога не може да се снајде. Дали е поради немање капацитет, дали е незнаење, што е легитимно, но можеби и несакање. Јас мислам дека е ова последното“, изјави Ивановски во вечерашното гостување во централниот „Дневник“ на телевизија Сител. Ивановски рече дека сè поочигледно станува дека потстои подземен договор помеѓу група и поединци во СДСМ и власта, за лични интереси. Социјалдемократкскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и нејзиниот претседател Венко Филипче се две фундаментално различни работи. Ова вечерва во гостување во централниот „Дневник“ на телевизија Сител го кажа универзитетскиот професот и поранешен висок функционер на СДСМ, Игор Ивановски, кој во средата ја модерирал средбата на членови на СДСМ од различни генерации и граѓански активисти кои немаат партиски профили, под името „Разговори за иднината во 12:05“ на која, како што беше наведно во соопштението што го објавија по настанот, било закулечено дека на прогресивната демократска јавност…
Povezane vijesti

„НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА ГО ИЗГАСНАТ СВЕТЛОТО ВО СДСМ“: Ивановски со остро предупредување до раководството

Ивановски: Филипче не може да се снајде во улогата на лидер на СДСМ, очигледно постои договор со власта
