СДС во старо-нова војна со новинарите: ГЕРОСКИ ПОВТОРНО НА НИШАНОТ НА ВЕНКО

СДСМ излезе со соопштение во кое директно атакува врз новинарот и уредник Бранко Героски за ставови изнесени во колумни за можноста за промени во опозицискиот блок, за известувањето за новоформираната опозициска иницијатива, како и за нападите од страна на СДСМ врз поединци кои изразуваат критичко мислење кон раководството на опозициската партија. „Бранко Героски бара „ново дете” за СДСМ. Можеби затоа што му е здодевно, или затоа што самиот е здодевен. Можеби затоа што во старите денови се впушти во платени авантури од кои сега не може да излезе. А можеби затоа што сега, заедно со истите оние кои ги бранеше и порано, отворено ја промовира платформата за иднината на Мицкоски“ – пишува СДСМ во соопштението. Притоа инсинуира дека Геровски е дел од „мрежа на служби“ и „стари УДБА-новинари“. „Истиот Геро кој денес се претставува како „независен новинар” и бара „нови лица” во СДСМ, во своето време го угостил во својот стан началник на БИА, Живаљевиќ. Лик познат и по организираниот упад во Собранието заедно со ВМРО на 27 ми април. Тоа беше дел од истата мрежа на служби. Едни имаа задача да упаднат во Собранието и да направат хаос, а други да ја палат американската амбасада. Вистински демократски работи, за…
Povezane vijesti

СДСМ: ОД ДРЖАВОТВОРНА ПАРТИЈА ДО ПОЛИТИЧКА УРНАТИНА – ХРОНИКА НА ЕДНО САМОУНИШТУВАЊЕ

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче
