Марковиќ: ЕХФ неделата е одлична подготовка за ЕП

Женската ракометна репрезентација на и започна подготовките за претстојната ЕХФ недела, а воедно и за Европското првенство кое ќе се одржи во декември. Нашите девојки овој пат ќе тренираат само во Скопје, а селекторот Игор Марковиќ очекува добар пристап на сите натпревари и одлични подготовки за претстојните предизвици. „Овој пат решивме да тренираме само во Скопје. Ќе работиме напорно за да постигнеме одлична форма. Сите девојки се здрави, засега немаме никакви повреди, па се надевам дека така и ќе остане. Ќе одработиме десетина тренинзи, на кои задачата ќе биде добро да се воиграме. Сето тоа што ќе го сработиме тука, ќе го искористиме на турнирот во Турција а потоа и на Европското првенство“, изјави Марковиќ. Ракометарките на Македонија во претстојниот период ги очекува меѓународен турнир во Турција, кој ќе биде еден дел од подготовките за Европското првенство. Распоред на натпреварите: 27.11.2026 | 18:45 часот: Македонија –Финска 28.11.2026 | 16:30 часот: Италија– Македонија 29.11.2026 | 18:45 часот: Турција – Македонија


