Манасиевски: СДС и Филипче како адвокати во одбрана на Михаилова, повторно против Македонија

СДС како адвокат застана во одбрана на Михаилова, која избега од судски процес заради извештај направен од другарот на Филипче и Заев, докторот Иван Барбов, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Во извештајот на криминалниот доктор Барбов пишуваше дека таа морала да се лекува во Бугарија, а нашите сомнежи се јасни, а тоа е дека зад овој извештај стојат Филипче и Заев, додаде во изјавата Манасиевски. https://youtu.be/MpzbOacvlco „Дури и Барбов јасно кажа дека Ива Михаилова немала големи медицински проблеми и дека лекувањето можело да се продолжи и во Македонија. Со овој став на Барбов, нашите сомнежи дека извештајот е фингиран, уште повеќе се потврдуваат. Тоа се потврдува исто така, и со тоа што СДС и Филипче се ставија на тацна на Бугарија и Михаилова, во првиот случај како амбасадори, а во вториот како адвокати. Затоа, очекуваме да се истражи случајот од надлежните органи и да добиеме правда“, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Povezane vijesti

Манасиевски: Колегата на Филипче, Иван Барбов потврди, Заев му се јавувал за прегледување на пациенти, очекуваме истрага дали добил повик и за Михаилова

Манасиевски: Барбов да каже дали под притисок на Заев и Филипче го изготви извештајот за Михаилова?
