Манасиевски: Колегата на Филипче, Иван Барбов потврди, Заев му се јавувал за прегледување на пациенти, очекуваме истрага дали добил повик и за Михаилова

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски на денешната прес-конференција истакна дека колегата на Филипче, Иван Барбов потврдил дека Заев му се јавувал за прегледување на пациенти, и очекуваат истрага дали добил повик и за Ива Михаилова. -Јавноста очекува одговори, дали зад медицинскиот извештај кој го изготвил Иван Барбов на 19.03.2026 година, во кој јасно се вели дека понатамошното лекување на пациентот Ива Михаилова треба да продолжи во Бугарија, стојат Филипче и Заев? Дека постојат сомнежи за кредибилитетот на Барбов нема дилема, тоа директно го пишува и во извештајот на Стејт Департментот на САД во 2017 година, во кој јасно пишува дека „Именувањето на Иван Барбов за в.д. директор на Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, било контроверзно’’, вели Манасиевски. Дополнително, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа што тој веќе еднаш е правосилно осуден за создавање на нелегални документи за осигурување за трети лица да добијат инвалидски пензии, нам не ни е чудно повторно, сега можеби под покровителство на Заев и Филипче, истото да го има сторено со извештајот за Ива Михаилова. Очекуваме надлежните органи да истражат и да постапат, бидејќи јавноста очекува одговори.
Povezane vijesti

Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Манасиевски: Барбов, Филипче и Заев целосно се заплеткаа во лагите
