Манасиевски: Барбов да каже дали под притисок на Заев и Филипче го изготви извештајот за Михаилова?

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција на која постави прашања: „Осудениот криминалец Иван Барбов кој е другар на аболицираниот криминалец Зоран Заев, треба да каже дали добил повик од врховниот лидер на СДС Заев за Михаилова или пак Филипче е тој којшто ургирал? Барбов потрвди дека Заев му ѕвонел за преглед на пациенти но, Барбов треба да каже дали се слушал и со Филипче и дали тој му ургирал за извештајот за Михаилова“? [embed]https://youtu.be/El4t5dHuiUw[/embed] Доктор со криминално минато, лице за кое Стејт Департментот на САД го смета за контроверзно, директор на кој ДЗР му нашло незаконито работење, а секако правосудните органи не спровеле случај, се вика Иван Барбов, изјави Манасиевски. Ваков човек е лесно да искористите, особено ако сте го назначиле и за директор на клиника, а токму тоа го направиле Филипче и Заев. Очекуваме одговори и истрага дали зад извештајот за Ива Михаилова стојат Филипче и Заев, со цел да и помогнат на Бугарија да одглуми некаква жртва во политичка смисла.
Povezane vijesti

Манасиевски: Колегата на Филипче, Иван Барбов потврди, Заев му се јавувал за прегледување на пациенти, очекуваме истрага дали добил повик и за Михаилова

Колегата на Филипче, Иван Барбов потврди, Заев му се јавувал за прегледување на пациенти
