Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ

Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните, а најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури и да ги подобрат услугите за нашите иселеници, јасно покажуваат дека политичките пресметки им се поважни од потребите на стотици илјади македонски граѓани кои живеат и работат надвор од државата. Македонската дијаспора со години дава огромен придонес за развојот на државата. Таа инвестира, помага на своите семејства, отвора можности за нови економски врски и ја промовира Македонија низ светот. Наместо да им се овозможат побрзи, поефикасни и подостапни услуги, СДС, Левица и ДУИ одлучија да ги блокираат процесите за олеснување на гласањето и носењето на новиот Изборен законик“,соопштија од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивната цел е модерна, ефикасна и достапна администрација која ќе биде вистински сервис за дијаспората. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да работи во интерес на сите македонски граѓани, без разлика дали живеат во татковината или надвор од неа. Нашата цел е модерна, ефикасна и…
Povezane vijesti

Трамп доаѓа на финалето, Њујорк под опсада: Илјадници полицајци, затворени патишта и „ефектот на малерот“ во центарот на вниманието

Приказната зад виралната фотографија на Меси и Јамал пред финалето на Мундијалот
