Crna kronika Sjeverna Makedonija
„Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50

Kurir.mk·Ивона Петрова·20. 10. 2026. 09:15:17
На 19.10.2026 во 14:30 часот на регионален пат во близина на село Рајца, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишија од слобода 24-годишната Е.Н. од с.Подмочани, ресенско. -При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека таа управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен по чии насоки возилото е одземено, информира МВР. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.
Povezane vijesti

Приведена 24-годишна девојка кај Ресен: Возела со 142 км/ч каде што е дозволено 50
Večer·prije 46 min

Црногорец приведен на „Табановце“: Возел со брзина од 185, а дозволено било 100 километри на час
Kurir.mk·prije 5 d

ВИДЕО: Со полициски пресретнувач фатен мотоциклист кој возел со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово
Kurir.mk·prije 4 d