ВИДЕО: Со полициски пресретнувач фатен мотоциклист кој возел со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово

На автопатот Гостивар – Тетово, вчера попладне полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со помош на специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки, кој се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час. -Возачот В.Б.(27)од Гостивар е лишен од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се сите соодветни мерки и против него ќе следува соодветна постапка согласно закон. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со специјалните полициски возила – пресретнувачи на територијата на целата држава, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи, зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на сите учесници во сообраќајот, информираат од Министерството. [facebook_post url="https://www.facebook.com/reel/1851991662457458"] Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.
Povezane vijesti

ПРИВЕДЕН МОТОРЏИЈА - Неверојатно со која брзина возел на автопат

Приведен е 27-годишен мотоциклист што со „јамаха“ возел со 188 км/ч на место каде што ограничувањето е 80 км/ч
