klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Коњановски: Идеите на граѓаните ни помагаат да го компонираме општинскиот буџет

Коњановски: Идеите на граѓаните ни помагаат да го компонираме општинскиот буџет
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·19. 10. 2026. 13:05:54

Идеите, предлозите, сугестиите на граѓаните ни помагаат заеднички да го компонираме тоа што е во границите на буџетот, а тоа значи заедничко формирање на буџетот на Општина Битола, истакна градоначалникот Тони Коњановски на првата сесија од традиционалниот Буџетски форум организиран од локалната самоуправа. Пред претставници на граѓанскиот сектор, организации и институции од различни области, локалната самоуправа ги претстави можностите за користење локални средства и финансирање на проекти. -Буџетските форуми се место на кои во директен контакт со граѓаните, форма што ја прифаќаат и други општини во државата, го планираме буџетот за 2027 година. Овој начин на транспарентност и отчетност е со цел граѓаните да бидат вклучени во работата на локалната самоуправа. Претставниците на граѓанските организации, граѓани поединци, локални претпријатија и институции слободно може да дадат свои предлози кои како и претходно ние ги реализираме, а сме ги добиле во процесот на организирани буџетски форуми - изјави за МИА, градоначалникот Коњановски. Од Општина Битола информираа дека низ три сесии, локалната самоуправа со поддршка на граѓаните ќе ги определи приоритетите и ќе ги реализира со општински средства, но во програмите може да се сврстат и развојните планови проектирани за неколку години, друга поддршка од Министерството за финансии, како и повици за меѓународна…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti