Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

Православните христијани денеска го празнуваат Иванден – празникот посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител, еден од најпочитуваните светители во христијанската традиција. Денешниот празник Рождество на Свети Јован Крстител има длабоки корени во традицијата на македонскиот народ и незибришливи траги во народната црковна меморија. Многу обичаи и верувања на македонските верници се поврзани со овој голем светител. За него, во текот на годината, православната црква посветила вкупно шест празници во својот календар. Многу цркви и манастири изградени во Македонија низ вековите биле вдахновени од чудотворната моќ на Крстителот. Култот кон Свети Јован Крстител и денес не згаснува. Евангелие по Лука, глава 1 Раѓањето и обрезанието на Јована. Пророкувањето на Захарија. 1.Бидејќи мнозина почнаа да пишуваат за настаните, што се случија меѓу нас, 2. како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и служители на словото, 3. намислив и јас, откако испитав сè од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле, 4. за да ја разбереш основата на учењето, на кое си се учел 5. Во деновите на Ирода, царот Јудејски, живееше еден свештеник по име Захарија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Елисавета. 6. И обајцата беа…


