ДЕНЕСКА Е ИВАНДЕН: Среќен именден Иван, Ивана, Јане, Јана

Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден. Именден празнуваат: Иван, Иванка, Ивана, Јанко, Јане, Јана… На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја. Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет. Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет. За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање. Во македонската народна традиција овој празник е поврзан со летниот солстициј, односно со периодот на долгодневницата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божиќ, денот поврзан со зимскиот солстициј, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празници ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред се со сонцето. Најпознат обичај на Прославата на Иванден е Тајане. Тоа претставува македонски календарски обичај поврзан со празникот Раѓањето на Свети Јован Крстител – Иванден (7 јули /24 јуни)[2]. Најдолго се задржал во Прилепско…
Povezane vijesti

ДЕНЕСКА Е ИВАНДЕН, празник на девојките: Цвеќето има волшебна моќ, ова се обичаите
Ивањдан – заштитник кумства и девојачки празник
