klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Денес се празнува Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов – ИВАНДЕН

Денес се празнува Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов – ИВАНДЕН
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 07. 2026. 06:04:29

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем с ? до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собраа роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашаа таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи нем напиша на табличка: Ј о в а н. Јазикот му се одврза во тој час и тој почна да говори. Домот Захариев беше на височината меѓу Витлеем и Хеврон. Гласот дека на Захарија му се јави ангелот Божји, дека онеме, а потоа му се одврза јазикот штом го напиша името Јован, се разнесе по сиот Израил. Овој глас дојде и до Ирод. Затоа Ирод, кога испрати да се заколат децата во Витлеем, прати луѓе и во ридското престојувалиште на семејството Захариево, за да го убијат и Јован. Но Елисавета благовремено го сокри…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti