Јована Богданоска, Мики Секуловски и „Маестро бенд“ со „Нов свет“: песна што допира до срцето и буди емоции

Кога музиката ќе ги каже и оние нешта за кои понекогаш зборовите се немоќни, се раѓа приказна што допира до срцето. Токму таква е „Нов свет“ – новата песна и видеоспот зад кои стојат Јована Богданоска, Мики Секуловски и „Маестро бенд“, музичка соработка исполнета со емоции, искреност и моќни вокални интерпретации. Новата музичка приказна веќе е достапна на YouTube-каналот на „Македониум“, а зад музиката, текстот, аранжманот и комплетната аудиопродукција се потпишува Темелко Андреев. Јована Богданоска, која заедно со Мики Секуловски ја изведува песната, не ја криеше возбудата по објавувањето на проектот, откривајќи дека во „Нов свет“ се вградени многу лични чувства и доживувања. „„Нов свет“ – песна во која оставивме дел од душата, емоциите и зборовите што понекогаш е тешко да се кажат гласно“, сподели Јована, испраќајќи ја песната кон публиката со желба секој да ја почувствува на свој начин и да пронајде дел од сопствената приказна. „Можеби токму музиката е местото каде што сите можеме да создадеме еден нов свет…“, порачува таа, заблагодарувајќи им се на сите што ја следат и ја чувствуваат нејзината музика. А кога ќе се спојат вакви вокали и музичари, приказната добива дополнителна димензија! Покрај Јована и Мики, за богатиот звук се погрижија членовите на…
Povezane vijesti

Марија Спасовска ја објави „100 промили“ – нова песна со заводлив ритам и видеоспот

Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации (ВИДЕО)
