klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Македонскиот крем – де ла крем со предновогодишен концертен спектакл: Сузана, Наум, Миле и Баже со нивните гости во кафеанска ноќ за паметење

Македонскиот крем – де ла крем со предновогодишен концертен спектакл: Сузана, Наум, Миле и Баже со нивните гости во кафеанска ноќ за паметење
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·20. 10. 2026. 09:28:34

Македонските музички фолк ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Тие од оваа година, па секоја наредна започнуваат традиција која ќе се памети. Серија концерти кои ќе бидат предновогодишна традиција за сите љубители на добрата македонска песна. Концертот е закажан за 25 декември со почеток во 20.00 часот во специјално подготвен амбиент во СЦ Јане Сандански. – Време е за нешто поинакво… Време е македонската музика да ја ставиме во прв план! На 25 декември во Јане Сандански нема да се случи обичен концерт, ќе се случи вечер за паметење, каде што ние изведувачите, придружувани од голем оркестар ќе бидеме едно со нашата публика. Ќе приредиме традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција. Време е да ги вратиме градските боеми – вели Наум Петрески во најава за самиот настан. На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика. – Огромна е возбудата. Се радувам што по…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti