klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации (ВИДЕО)

Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации (ВИДЕО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·20. 10. 2026. 17:09:59

Во рамките на официјалната програма за сите учесници, малтешкиот јавен сервис – ПБС – организираше посета на повеќе училишта за децата кои годинава ќе настапат на фестивалот. Македонската делегација реализираше посета на училиштето Св. Јосиф, државно католичко училиште за девојчиња. Ана Стојаноска беше пречекана со еуфорија и аплауз од ученичките во Св. Јосиф, кои дополнително ја изненадија и со хорска изведба на рефренот на „Идната јас“. Тимот на Македонската Радио Телевизија го издвои овој момент како еден од најемотивните досега. -Ова за мене е најубавиот ден во Малта. Многу сум среќна што сум тука и што имав прилика да ги запознаам ученичките и секако, тоа што ја пеевме „Идната јас“ во еден глас. Девојчињата од Малта пееја на македонски јазик и тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам, изјави малата Ана. Посебен момент за време на дружбата беше и тоа што директорот на училиштето д-р Кенет Вела потенцираше дека пораката на „Идната јас“ се поклопува со мисијата и визијата на училиштето и дека во наредниот период наставниот кадар ќе посвети повеќе внимание на доближување на пораката од песната до ученичките. Ана Стојаноска и тимот на 21.10.2026 веќе ќе ја имаат и втората техничка проба, но од исклучителна важност…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti