Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Jасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа

Во рамките на јавната стручна дискусија за Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа, организирана од Министерството за јавна администрација, доц. д-р Константин Битраков, експерт по управно право и јавна администрација од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ги презентираше предложените законски решенија, нивната правна основа и значењето за идната организација и функционирање на државната управа, придонесувајќи со својата научна и практична експертиза во конципирањето и нормативното обликување на законскиот текст, особено во делот на јасното уредување на институционалната поставеност, надлежностите и одговорностите на органите на државната управа. Во продолжение се одржа панел-дискусијата „Новата архитектура на државната управа – принципи, надлежности и функционалност“, на која учествуваа проф. д-р Борче Давитковски, проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска и проф. д-р Драган Гоцевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“. Преку размена на стручни мислења и аргументи, панелистите ги разгледаа предложените решенија од правен, институционален и практичен аспект, со посебен осврт на нивното значење за појасно уредување на системот на државната управа. Во фокусот беа разграничувањето на надлежностите, овластувањата и одговорностите на институциите, функционалната организација на органите и односите меѓу нив, како и потребата од доследно почитување на законски утврдените надлежности. На панелот проф. д-р Борче Давитковски…
Povezane vijesti

Минчев: ЗОРОДУ е чекор кон појасна и пофункционална државна управа

Минчев: Кога надлежностите се преклопуваат, одговорноста се разлева, а цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните
