klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Јанкуловски: Во последните две години значително ја подобривме материјалната положба на универзитетскиот кадар, но и студентскиот стандард

Јанкуловски: Во последните две години значително ја подобривме материјалната положба на универзитетскиот кадар, но и студентскиот стандард
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·21. 10. 2026. 11:05:41

Владата, односно Министерството за финансии обезбедуваат средства за образованието, а во последните две години значително го зголемивме надоместокот што го добива наставниот и ненаставниот кадар на факултетите со што значително ја подигнавме материјалната положба на кадарот, мотор на самиот Универзитет, истакна заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски на денешниот „Отворен ден на УКЛО – образование, наука, економија“. Во изјава за медиумите, Јанкуловски потсети на директната поддршка на науката, како и активностите во функција на подобар студентски стандард. - Науката, образованието, бизнис секторот, локалната и централната власт се битни чинители кои можат да придонесат за поквалитетен развој на регионот, но и на цела територија на Република Македонија. Според податоците на Министерството за образование и наука, за 2026 година се предвидени 773 милиони денари за наука, односно околу 12,6 милиони евра. За научно истражувачките проекти обезбедена е поддршка за 40 проекти на универзитетите, научните институти и МАНУ, односно со поддршка до 8 милиони денари по проект, потоа пет проекти во соработка со бизнис секторот во вредност од 30,4 милиони денари, како и 23,7 милиони денари за осум проекти на јавните научни установи. Овие одобрени проекти се од конкурсите во 2025 година, со реализација и во 2026 година. Сакам да потенцирам дека износот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti