klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Јаневска: Со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Јаневска: Со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·15. 10. 2026. 14:09:24

Во Скопје денес започна четвртиот IV Интернационален медицински конгрес во организација на Факултетското студентско собрание при Медицинскиот факултет на УКИМ. На отворањето на собирот се обрати и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска која рече дека во високото образование, науката и истражувањата, многу се важни меѓународните вмрежувања и мобилноста и дека тоа е единствениот начин за размена на искуства и добри практики со глобалниот свет, но и за заеднички проекти, се наведува во соопштението од МОН. -Како Влада имаме став дека без наука нема општествен развој, па оттука, кога пред две години го започнавме раководењето со институциите, одлучивме да преземеме крупни мерки кои ја раздвижија научно – истражувачката дејност во Македонија. За две години буџетот за наука го зголемивме повеќе од двојно. Во 2025 година финансиравме 50-тина научно – истражувачки проекти од јавен интерес, во вкупна вредност од 6 милиони евра, a за нашите професори, научници и студенти обезбедивме бесплатен пристап до познатите глобални научни бази – Web of science и Scoopus, рече Јаневска. Министерката посочи и дека е посебно задоволна од зајакнатата соработка со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија, кој ги отвори вратите на своите лаборатории за македонскиот научен и истражувачки кадар, а воедно Центарот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti