Јаневска се обрати на VIII Конгрес на СОНК

На покана на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Македонија, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска се обрати на осмиот конгрес на синдикалната организација, кој денес се одржува во Скопје. На конгресот, согласно агендата, треба да бидат усвоени програмски документи за работа во следниот 5 годишен период и да биде изгласано ново синдикално раководство. „СОНК е еден од најважните економско - социјални партнери на Владата и на Министерството за образование и наука. Заедно се креирани многу политики. Драго ми е што често добивам предлози и укажувања од вашето членство и раководство, кои многу помагаат во правилното одлучување. Немам замерки на ниту една забелешка, идеја и мислење. Напротив, задоволна сум што секој предизвик го надминуваме заеднички и низ дијалог“, рече Јаневска. Посочи дека е особено горда што токму во време на нејзиниот мандат е постигната спогодба за долгорочен и реален раст на платите во основните и средните училишта, кој за прв пат е врзан со стапката на инфлација. Потсети дека досега од постигнатата спогодба реализирани се три покачувања на платите во вкупен процент од над 20 отсто. „Над 300 наставници и стручни соработници во изминатите две години имаа можност за кариерен развој и напредување во звање…
Povezane vijesti

Јаневска: Со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Стојко Рамов избран за претседател на СОНК
