klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Јаневска: Образовната инфраструктура се модернизира забрзано и со голема поддршка од Европската Унија

Јаневска: Образовната инфраструктура се модернизира забрзано и со голема поддршка од Европската Унија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·08. 07. 2026. 15:41:47

Образовната инфраструктура во Македонија се модернизира забрзано и со голема поддршка од Европската Унија и Германската развојна банка – KFW. Заедно креиравме финансиска рамка од 86 милиони евра со кои ќе реализираме 16 капитални инвестиции – ќе се реконструираат 9 државни студентски домови и 7 ресурсни центри за деца и младинци со посебни образовни потреби. Ова денес го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која заедно со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, евроамбасадорот Михалис Рокас и вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали го посетија студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, чија реконструкција е една од посочените инвестиции што наскоро ќе биде целосно заокружена. „Овој студентски дом ќе биде модерен и со висока енергетска ефикасност на сите објекти во состав. Заедно со „Кузман Шапкарев“ во центарот на Скопје, ќе бидат првите два дома целосно реновирани и достапни за студентите од новата академска година“, рече Јаневска, изразувајќи благодарност за европската поддршка. За трансформирањето на сите 16 објекти во модерни и енергетски ефикасни згради, информираше дека државата има обезбедено 60 милиони евра од Германската развојна банка, 22 милиони евра се неповратни грантови од ЕУ кои многу го растеретуваат јавниот буџет и околу 4 милиони евра се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti