МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид

Министерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава во електр-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“, а следна голема инвестиција е темелната обнова на државниот студентски дом „Никола Карев“. Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, при денешната посета на гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, каде заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, и градоначалникот Кирил Пецаков извршија увид во градежните активности за реконструкција на кровот и замена на столаријата во училиштето. Проектот го реализира општина Охрид и е вреден над 50 милиони денари. -Честитки до локалната самоуправа за оваа значајна инвестиција, со која конечно ќе се надминат долгогодишните проблеми во гимназијата. Ќе нема повеќе протекување на кровот, студени училници во зима или неподнослива жештина во лето. Учениците и наставниците ќе добијат многу подобри услови за работа и учење, рече Јаневска. Информираше дека за темелната реконструкција и опремување на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ се вложени над 120 милиони денари. Дополнително, со…


