Велковски: Во Студеничани се подготвуваат две нови детски градинки

Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски најави дека до крајот на мандатот на Владата во Општина Студеничани ќе бидат изградени две детски градинки, одговарајќи на пратеничко прашање од Халил Снопче за недостигот на предучилишни установи во оваа општина. Велковски посочи дека Владата, иако амандманот за изградба на градинка не бил прифатен во ребалансот на Буџетот, веќе работи на реализација на проектите во соработка со локалната самоуправа. - Така ќе биде и во Студеничани. По иницијатива на премиерот, во соработка со градоначалникот на Општина Студеничани, веќе два објекта се подготвуваат, бидејќи треба да се спреми целата техничка документација комплетно за две населени места каде што ќе се изградат овие детски градинки - рече Велковски. Тој информира дека Министерството активно работи на расчистување на имотно - правните прашања за локациите предвидени за изградба на објектите. Според него, едната локација веќе е подготвена и по завршувањето на катастарската постапка општината ќе може да аплицира до Министерството за финансирање на градинката. Министерот истакна дека проектот ќе биде вклучен во програмата на Министерството, а поддршка ќе добие и втората градинка по завршување на потребната административна и техничка документација. Тој додаде дека Владата паралелно работи на намалување на листите на чекање за згрижување…
Povezane vijesti

Николов: Од вкупно 16,41 милиони евра приходи од комуналии, немаме ниту едно ново училиште во Центар, ама затоа се градат над 100 згради

Клековски: До крајот на годината треба да почне реализацијата на проектите за болниците во Тетово, Штип и Кичево, очекуваме 195 милиони евра за нивно завршување
