Ѓорѓиевски: Скопје се унапредува и дигитализира – ја промовираме „ЕкоСкопје“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше во промоцијата на платформата „ЕкоСкопје“ (https://ekoskopje.skopje.gov.mk), ново дигитално решение со кое граѓаните полесно ќе пријавуваат еколошки проблеми, а градските служби ќе добиваат конкретни информации за поорганизирано постапување. - Кога ќе забележите дива депонија, проблем со контејнер или друг еколошки проблем, преку платформата испраќате пријава со точна локација, фотографија и краток опис. Така, службите полесно ќе го пронајдат местото и ќе имаат појасна слика за состојбата на терен. По поднесувањето, можете да го следите статусот на пријавата. За граѓаните тоа значи полесно пријавување, поголем увид во постапувањето и подиректна комуникација со институциите. За нас, тоа е дополнителна обврска за одговорност и видливи резултати. Зад секоја пријава стои наш сограѓанин кој очекува решение. Затоа, вредноста на оваа платформа ќе ја мериме преку решените проблеми и промените што граѓаните ќе ги почувствуваат во своето маало – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека продолжуваат вложувањата и во опрема и во дигитални решенија, а оваа апликација е пример како младинската идеја станува дело во служба на нашиот град. - Набавивме 3.300 нови контејнери, најголемата ваква набавка во историјата на градот, како и нови камиони за собирање смет, цистерни и метларки. Во тек е и постапката за воведување…
Povezane vijesti

Ѓорѓиевски: Над 200 камери ќе бидат поставени на критични точки низ Скопје за спречување на вандализмот

Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓаните
